Brot – ламба што “одгледува“ зеленчук

83

Фото: Brot

Benditas Studio, старт – aп од Барселона, креираше лампа којашто, освен што ја има примарната функција да осветлува, таа е и мини градина за одгледување на зеленчук, пишува Core77.

Brot, за прв пат беше претставена на Саемот за мебел во Стокхолм, а зад дизајнот стојат Катерина Виана и Феран Гест. Ламбата е изработена од теракота (печена глина) што придонесува за чувство на “природност“ во просторот и помага за растот на семињата внатре.

Процесот за сите семиња е ист – се потопуваат во вода одредено време, потоа се ставаат во долниот дел од ламбата. Се наводнуваат два до три пати во денот, а благодарение на светлината и топлината, мини растенијата за кратко време созреваат.

Готовиот производ може да се набере за четири до шест дена.