Marks & Spencer отвора продавници за храна

64

Компанијата Marks & Spencer, којашто е позната по продажба на облека и производи за домот, планира да отвори и продавници за храна со големина на супермаркет.

Целта на овој потфат е подобро фамилијарно шопинг искуство, но и да се биде во чекор со конкурентите како Sainsbury’s и Tesco, пишува Mirror.

Компанијата планира да ги прошири своите капацитети на површина од 4.500 метри квадратни и да ги адаптира постоечките продажни места за да нудат широк спектар на намирници.

Покрај воведување на нови, некои од старите M&S продавници наместо со облека ќе бидат опремени со храна.

Фото:Facebook