Аутомакедонија минатата 2018 година ја заврши со добивка од 10.308.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.
Една година претходно добивката на компанијата изнесуваше 12.630.000 денари.
“Нето финансискиот резултат во 2018 година во однос на истиот период претходната година е помал за 2.322.000 денари или 18%“, стои во Образложението за финансиските извештаи.
Приходите од продажба заклучно со 31-ви декември 2018 година достигнаа 400.700.000 денари, додека една година претходно беа 399.383.000 денари.