Агроплод ланската година ја заврши со добивка од 8,5 милиони денари

69

Компанијата Агроплод од Ресен минатата 2018 година ја заврши со вкупна сеопфатна добивка од 8.575.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Една година претходно, компанијата прикажа загуба во висина од 1.002.000 денари.

Вкупните приходи од продажба, заклучно со 31-ви декември лани, достигнаа ниво од 25.780.000 денари, додека на крајот на 2017 година, имаа вредност од 24.751.000 денари.