Lyft планира да собере две милијарди долари по пат на IPO

54

Фото: Facebook

Американската компанија за споделување на превоз, Lyft планира да собере инвестиции во висина од две милијарди долари преку иницијална јавна понуди (Initial public offering – IPO), пишува CNBS.

Компанијата планира да продаде околу 30 милиони акции од Класа А по цена од 62 до 68 долари за една акција, со што нејзината пазарна капитализација ќе биде околу 20 милијарди долари.

Одреден број од акциите ќе бидат резервирани и за возачи, кои преку нивната платформа, направиле минимум 10.000 возења.

Lyft со своите услуги покива 39% од американскиот пазар, а во меѓувреме нуди и превоз на пократки релации со велосипед или мотоцикл. Од компанијата планираат да се прошират и на автономно возење со помош на високо автоматизирани такси возила.