НЕ!

52

Немаш време за да имаш време? Време е да почнеш да кажуваш НЕ!

Како?

Велат дека било лесно:

  • Предложете временски рок, па ако не им се допаѓа, заеднички ќе кажете НЕ!
  • Кажете веднаш НЕ или не можам да ја исполнам таа обврска, а не да дојде денот кога требало да ја завршите, па тогаш да кажете!
  • Немојте да бидете груби, но немојте да бидете ниту премногу внимателни кога кажувате НЕ!
  • Предложете алтернативна личност за работите за кои не сте компетентни, така ќе можете на суптилен начин да кажете НЕ!
  • Кажете си понекогаш НЕ и на самите себеси за работи кои знаете дека не ќе успеете да ги исполните или, пак,  само ќе ги одложувате или едноставно, нема да ги исполните!
  • Кажете го тоа лично, а не некој друг во ваше име тоа да го кажува!

Луѓе, не е поентата само да се трупате со работа, ќе пукнете, а покрај вас ќе страдаат и другите! Кажувањето НЕ е убава работа и за двете страни, но бидете внимателни!

Фото: Pixabay