Заврши емисијата на конвертибилни обврзници на Централна кооперативна банка

57

Фото: Pixabay

Централна кооперативна банка АД Скопје известува дека на ден 21.03.2019 година заврши емисијата на долгорочни должнички хартии од вредност – прва емисија на конвертибилни обврзници.

Јавната понуда на хартиите од вредност е одобрена со Решение УП 1 Број 10-72 од 18.01.2019 година на Комисијата за хартии од вредност.

Поканата за запишување и уплата на хартии од вредност беше објавена во дневниот весник Нова Македонија на ден 05.02.2019 година, а на веб страната на Македонската берза на хартии од вредност АД Скопје на ден 05.02.2019 година, кога беше објавен и Проспектот за запишување и уплата на хартиите од вредност.

По завршување на рокот за реализација на јавната понуда, од понудените 5.000 конвертибилни обврзници од прва емисија, продадени се вкупно 5.000 конвертибилни обврзници од прва емисија, во вкупен износ од 5.000.000 евра, односно 307.475.000 денари, со што јавната понуда е реализирана со процент на реализација од 100%. Хартиите од вредност ќе бидат пријавени за упис во Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје. Правата од хартиите од вредност настануваат по уписот на хартиите од вредност на сметка на сопственикот во Депозитарот за хартии од вредност