Вештачка интелигенција детектира нелегални банкарски трансакции

54

Со цел да им помогне на банките подобро да се заштитат од нелегални и сомнителни трансакции, стартапот Silent Eight од Сингапур создаде систем на вештачка интелигенција што детектира нерегуларности пред да се случат.

Зад идејата стои Мартин Маркевич, математичар од Полска, а компанијата ја основа кога се пресели во Југоисточна Азија пред пет години, пишува CNN.

Технологијата функционира така што собира и анализира податоци од илјадници документи и останати ресурси и станува поефикасна со самото работење.

Големите банки во светот разгледуваат милиони сомнителни трансакции секојдневно што, според Маркевич, е неефикасен начин за справување со овој проблем. Тој вели дека со помош на вештачката интелигенција процесот е многу побрз и нема простор за “човечка грешка“.

Досега две банки, Standard Chartered со седиште во Лондон и Chinese Banking Corporation од Сингапур, ја имплементираа технологијата на Silent Eight.

Фото: Silent Eight