Фото: Pixabay
Пилот постројката ReOil на австриски ОМВ од јануари оваа година ги преработува чашите за пијалаци што ги користат патниците на Austrian Airlines. Во рамки на оваа иницијатива, чашите за еднократна употреба се користат за производство на синтетичка сирова нафта, пишува Global energy today.
Од крајот на минатата година, стјуардесите на Austria Airlines ги одвојуваат искористените пластични чаши од останатиот отпад. Компанијата, потоа ги чисти и дроби пред да ги достави во ReOil.
“Austrian Airlines постојано настојува да го намали отпадот од своите летови. Нашите стјуардеси веќе со години го имаат клучниот придонес за рециклирањето. Драго ми е што на иницијатива на членови од екипажот на австрискиот тим Fly greener и заедно со OMV успеаја да направат уште еден чекор кон таа цел“, вели Вера Ренер, потпретседателка на кабински операции на Austrian Airlines.
OMV го истражува потенцијалот на старата пластика од 2011 година.