Фото: Facebook
Нафтениот гигант Saudi Aramco, како што пишува Reuters, минатата година прикажа добивка од 224 милијарди долари. Tоа е скоро три пати повеќе од добивката на технолошката компанија Apple.
Saudi Aramco е најпрофитабилната компанија во светот, покажуваат податоците што ги објави овој државен нафтен гигант во Саудиска Арабија, пренесе CNBC.
Компанијата прикажа приходи од 111 милијарди долари во 2018 година, а за споредба, технолошкиот гигант Apple прокнижи 59,53 милијарди долари во фискалната 2018 година.
Saudi Aramco, исто така, заработи повеќе и од JP Morgan Chace, Google, Facebook и Exxon Mobile заедно. Овие компании заедно евидентираа вкупно 106 милијарди долари.
Неодамна, Saudi Aramco најави дека купува 70% од акциите во државната SABIC за повеќе од 69 милијарди долари.