Фото: Pixabay
Македонски Телеком донесе предлог одлука за исплата на дивиденда за 2018 година и утврдување на дивиденден календар.
Дивидендата, според предлог одлуката, во вкупен бруто износ од 1.596.062.214 денари, претставува нето добивка остварена по финансиските извештаи на компанијата.
Бруто износот на дивиденда по акција е 18,50 денари.
Датум на пресек на акционерската книга, според којшто се определува листата на акционери кои имаат право на дивиденда за 2018 година, е 30.05.2019 година.
Последен ден на тргување со право на дивиденда е 28-ми мај, додека прв ден на тргување без право на дивиденда за минатата година е 29-ти мај.
Исплатата на дивидендата за 2018 година ќе се изврши до 30-ти септември.