Фото: Pixabay
Собранието на акционери на Реплек донесе одлука за распределба на добивката по годишната сметка за 2018 година.
“Со оваа одлука се утврдува распределба на добивката на Реплек според годишната сметка за 2018 година за исплата на дивиденда во нето износ од 3.998 денари по акција, односно бруто износ од 4.704 денари по акција“, стои во одлуката.
Распределбата, како што се наведува, ќе се изврши: од тековната добивка 81.381.545 денари, од акумулираната добивка од 2017 година 31.910.031 денари и дел од законски резерви 8.623.912 денари, по што вкупно за исплата на дивиденда и персонален данок е 121.915.488 денари.
Последен ден на тргувани акции со право на исплата на дивиденда е 18-ти април оваа година, односно за први ден на тргувани акции без право на дивиденда е 19-ти април. Правото на акционерите за исплата на дивиденда ќе се утврди со пресек на евиденција во акционерска книга на ден 22-ри април оваа година.