Продажниот гигант Amazon планира да воведе плаќања во готово во десет од своите Amazon Go продавници во коишто нема каси, ниту вработени, пишува CNN.
Компанијата има вакви продажни места во Сан Франциско, Чикаго и Сиетл каде што користи вештачка интелигенција и камери за проверка и идентификација на купувачите.
Amazon се одлучи на овој чекор поради големиот број на поплаки во врска со начинот на купување, којшто “исклучува“ одредени групи на луѓе. Во САД не е мал бројот на оние кои немаат банкарски сметки, а плаќањето преку телефон претставува проблем и за повозрасните жители.
Некои градови во земјата веќе имаат донесено закон со којшто се забрануваат продавници што не прифаќаат кеш, а уште неколку планираат да се приклучат кон таа пракса.
Amazon Go продава секаков вид на готови јадења и разни намирници, а наплаќа преку регистрирана сметка на смартфоните од корисниците.
Фото: Facebook