Кои земји имаат најголеми резерви на нафта во светот?

1113

Фото: Pixabay

Иако во последните години, постојано пишуваме за сè поголема употреба на обновливи извори на енергија, “црното злато“ сепак игра важна улога на светската сцена.

Сировата нафта е фосилно гориво што се добива од морски растенија и животни што изумреле пред повеќе милиони години. Во течна форма, сировата нафта може да се најде под земјината површина.

Порталот howmuch.net направи интерактивна мапа на 10 земји со најголеми резерви на сирова нафта на светско ниво.

САД – 36,5 милијарди барели нафта

Либија – 48,4 милијарди барели нафта

Русија – 80 милијарди барели нафта

Обединети Арапски Емирати – 97,8 милијарди барели нафта

Кувајт – 101,5 милијарди барели нафта

Ирак – 142,5 милијарди барели нафта

Иран – 158,4 милијарди барели нафта

Канада – 169,8 милијарди барели нафта

Саудиска Арабија – 266,5 милијарди барели нафта

Венецуела – 300,9 милијарди барели нафта

Шест од овие земји: Венецуела, Саудиска Арабија, Иран, Ирак, Кувајт и Либија се членки на организацијата ОПЕК (OPEC – organization of petroleum exporting countries). Само за споредба, Кувајт е земја што се протега на површина од 17.818 квадратни километри, а располагаат со 101,5 милијарди барели нафта. Од друга страна, Русија е 10 пати поголема, а има “само“ 80 милијарди барели нафта.