Huawei подготвен да продава свои 5G чипови на конкурентот Apple

39

Кинескиот гигант Huawei е “отворен“ за продажба на своите 5G чипови на својот најголем конкурент за смартфони Apple.

Американската компанија сè уште нема свој iPhone со 5G технологија, па Huawei можно е да биде потенцијален продавач на 5G модеми, пишува CNBC.

Најголемиот светски производител на мрежни уреди, ги користи овие чипови само за сопствени смартфони, па нивната продажба на Apple би била огромен пресврт во стратегијата на Huawei, како и потенцијална закана за Qualcomm и Intel.

Освен чипови со 5G технологија, компанијата има и сопствен процесор за напојување на своите уреди.

Фото: Pixabay