Србија повеќе не е земја кандидат за отворање фабрика на Volkswagen

47

Фото: Pixabay

Германскиот производител на автомобили Volkswagen го стесни изборот на земји во коишто планира да отвори нова фабрика.

Како што пренесува српски Данас, во конкуренција се Бугарија и Турција, што значи дека Србија повеќе не е земја кандидат за отворање фабрика за автомобили.

Земји кандидати за отворање фабрика се споменуваа: Бугарија, Романија, Србија, Турција, па и нашата земја, но во овој момент фаворит е Бугарија. Оваа земја е членка на Европската унија, а растот на трговската размена меѓу овие две земји во 2018 година достигна рекордно ниво.

Во новата фабрика, што ќе има капацитет од 300.000 возила, би требало да се произведува моделот Skoda Karoq и некои други модели.