Вендинг машини во возилата на Uber ќе даваат гратис чоколадни јајца за Велигден

55

Uber за време на велигденските празници од вендинг машини инсталирани во своите автомобили ќе “дели“ бесплатни чоколадни јајца во одбрани градови во САД. Компанијата што го снабдува такси сервисот е Cargo, а клиентите ќе се облажат со чоколадни јајца од брендот Reese’s и Cadbury, пишува Mashable.

Градовите каде ќе се делат слатките се: Њујорк, Чикаго, Бостон, Вашингтон, Балтимор, Минеаполис, Лос Анџелес, Сан Франциско, Атланта, Мајами и Далас.

Cargo, којашто склучи партнерство со Uber за да ги промовира своите производи по повод празниците, е дел од бизнисот со продажба на слатки, грицки, пијалаци, слушалки, полначи за мобилни телефони во автомобили што се изнајмуваат за транспорт.

Клиентите си купуваат производи преку веб страна, а потоа возачите им ги даваат во автомобилите. Бесплатните чоколади ќе бидат достапни додека не се потрошат залихите.

Фото: Facebook