Главниот град на Австрија ја добива првата улица што ќе нуди можност за регулирање на температурата на воздухот. Станува збор за пилот проект на улицата Zieglergasse, во населбата Неубау, пишува Wiener Zeitung.at.
“Топлите денови во Виена ќе се зголемат повеќе од двојно до 2050 година. Мора да делуваме на сите нивоа, бидејќи повеќе не може само да се надеваме дека работите ќе тргнат на подобро“, изјави заменик градоначалникот Биргит Хебаин.
Реконструкција на улицата, што е долга околу еден километар, озеленување на површините, инсталирање на системот за ладење и освежување на воздухот, како и поставување чешми за вода за пиење, би требало да го подобрат квалитетот на животот на граѓаните на овој дел од Виена. Се очекува адаптацијата на оваа улица да изнесува 2,4 милиони евра.