Најголемите илјада компании во Хрватска минатата година оствариле 56,5 милијарди евра приход, што е за 0,9% помалку отколку во 2011 година, а добивката на компаниите се намалила за 16,4%, на 2,3 милијарди евра.
Раст е забележан во извозот, кој е во плус 2,2% и изнесува 10 милијарди евра, објавено е во последната публикација на Лидер и Фина. Најголем извозник е ИНА, со 1,2 милијарди евра, а потоа следува Плива Хрватска, со 304 милиони евра.
Гледано по вкупни приходи, прва на листата е ИНА со 3,6 милијарди евра. Потоа следува Хрватско електростопанство, кое го премина Конзум на Агрокор.
Меѓу првите 50 компании по висина на приходи, најголем раст остварила компанијата Ericsson Nikola Tesla, чии приходи пораснале за 60,4%, од 160 милиони евра на 256 милиони евра, а потоа следуваат трговскиот малопродажен ланец Томи и Плива Хрватска.
Загубарите ги предводи Природен гас, а на оваа листа се и Конструктор инжинеринг, Танкерска пловидба, Кроација ерлајнс, Меркатор Хрватска…
Еве ги првите 10 најсилни компании во Хрватска:
1. ИНА
2. Хрватско електросптопанство (ХЕП)
3. Конзум
4. Природен гас
5. Хрватски телеком
6. Загрепска банка
7. Привредна банка Загреб
8. ХЕП – производство
9. OMV Хрватска
10. ХЕП – оператор на системот за дистрибуција