Кои беа најтргувани акции во април?

45

Според Месечниот статистички билтен на Македонска берза, најтргувани акции за април биле акциите на Комерцијална банка, Алкалоид и Макпетрол.

Со вкупно 442 трансакции, водат акциите на Комерцијална банка и зафаќаат 44,43% од вкупниот промет на официјалниот пазар. Зад нив се акциите на Алкалоид со 232 трансакции, а трети се Макпетрол со 128 реализирани трансакции.

Најголем пораст изминатиот месец е регистриран кај акциите на: Мермерен Комбинат Прилеп (23,41%), Скопски Пазар Скопје (10,33%), Стопанска банка Скопје – приоритетни акции (10%).

Најголем пад имаат акциите на РЖ Услуги Скопје (-19.05%), Арцелормиттал Скопје (ЦРМ) Скопје (-18,68%), Стопанска банка Скопје (-12,58).