Мукеш Амбани, најбогатиот човек во Индија, го купи британскиот ланец за играчки, Hamleys, за неодредена сума, пишува BBC
Reliance Brands Limited, којашто е во сопственост на Амбани потпиша договор за купување на компанијата од кинеската C Banner International, којашто ја купи Hamleys, во 2015 година.
Британската продавница за играчки е основана далечната 1760 година и има вкупно 167 продавници во 18 земји во светот.
Reliance Industries веќе поседува 88 Hamleys продавници во 29 индиски градови.
Според Forbes, 62-годишниот Амбани вреди 50,7 милијарди долари.
Фото: Facebook