Годинава основани над 2.600 нови фирми, лани регистрирани 7.378

51

Фото: Pixabay

Заклучно со февруари годинава од Централниот регистар се избришани вкупно 3.603 фирми по основ на недоставена годишна сметка, невпишан влог и неупис на поштенско сандаче, како и уште 3.200 субјекти поради ликвидација и стечај, јавува Миа.

Како што соопшти директорката на Централниот регистар, Марија Бошковска Јанковски, годинава, до денеска, се основани 2.637 деловни субјекти, а минатата година се регистрирани 7.378.

Бошковска Јанковски најави дека до крајот на оваа година треба да биде ставен во функција т.н. регистар на вистински сопственици кој подразбира обврска за секој потенцијален субјект да пополни соодветен формулар во кој ќе наведе каде и во колку компании има сопственост, кои се тие, каде има удел, колкава е висината на уделот, каде има акции и каде е евентуално претседател на Управен одбор.

Постојните субјекти ќе имаат рок од три месеци да се пријават, а при иницијална регистрација ќе треба да се пополни и пријава за регистарот на вистински сопственици. Законска обврска има секој да се изјасни каде има удел и сопственост. Кога ќе се погледне во регистарот точно ќе се знае каде некој има сопственост, удел, колкав е тој удел,.., објасни директорката.