Фото: Pixabay
Борис Јакшиќ од Србија потрошил повеќе од 2,5 милиони јајца од јапонска препелица за да ја добие совршената формула за производство на сапун од свежи јајца од јапонска препелица, пишува Екапија.
“Ова е прв пат во светот некој производител да успее да стави јајца во сапун. По макотрпна работа, на крајот откривме како да искористиме свежи јајца во производство на козметика, со зачувување на составот и квалитетот на јајцата“, вели Јакшиќ, кој на почетокот на оваа година ја основаше компанијата Tanoshinde, што на јапонски значи жив живот.
Сапуните се направени од свежи јајца од јапонска препелица, природни масла како што се ладно цедено маслиново масло, сончогледово нерафинирано масло, кокосово, масло од смил и агран, со додавање на природни ароми, како што се корен од ванила и цимет.
Во еден сапун од 100 грама има 17,2 јајца од јапонска препелица, а рачно се произведуваат околу 25.000 сапуни месечно.