Оилко КДА првиот квартал го заврши со загуба од 5,1 милиони денари

69

Фото: Pixabay

Компанијата Оилко КДА во првото тримесечје од оваа година прикажа загуба во висина од 5.167.000 денари, стои во тримесечниот биланс на успех објавен на Македонска берза.

Во текот на првите три месеци од 2018 година, загубата на компанијата беше 5.535.000 денари.

“Друштвото заклучно со 31.03.2019 година оствари загуба во висина од 5,1 милиони денари и истата е намалена за 7,27% споредбено со истиот период од 2018 година“, стои во Образложението на промените во финансискиот резултат.

Во периодот јануари – март оваа година, компанијата, како што се наведува, оствари вкупни приходи во висина од 80,2 милиони денари и кај истите има 7,93% зголемување споредбено со истиот период од 2018 година, а вкупните расходи изнесуваат 85,3 милиони денари и кај истите има 6,92% зголемување споредбено со истиот период од 2018 година.