Производната индустрија Витаминка од Прилеп донесе предлог одлука за употреба на добивката по оданочување за 2018 година.
Добивката во висина од 51.718.289 денари, според предлог одлуката, се распределува на: 31.177.289 денари како резерви за инвестициски вложувања, 4.120.500 денари како бруто износ за награди на менаџерски тим и раководен кадар и 16.420.500 денари за бруто дивиденда.
Според дивидендниот календар, дивидендата за 2018 година изнесува 184,24 денари нето по акција или 216,76 денари бруто по акција.
Датум на пресек на акционерската книга според која се определува листа на акционери кои имаат право на исплата на дивиденда за 2018 година е 25.06.2019 година. Последен ден на тргување со право на дивиденда е 21.06.2019 година, додека прв ден на тргување без право на дивиденда е 24.06.2019 година.
Исплатата на дивиденда ќе се изврши до 30-ти септември оваа година.