Instrumental, старт – ап основан од тројца поранешни вработени во Apple, создаде систем со камери што детектираат евентуални проблеми кај уреди уште во процесот на производство.
Додека производот е на монтажни ленти во фабриката, камерите со помош на софтвер што користи машинско учење ги наоѓаат дефектите. На тој начин компаниите заштедуваат пари и енергија, а корисниците добиваат производ без мани.
Еден од нивните топ клиенти е Motorola, којшто ги користи услугите при детектирање на проблеми кај нивните телефони. Наместо инженерите да патуваат илјадници километри до фабриката, процесот можат да го следат од нивните канцеларии, пишува CNBC.
Камерите ги фотографираат сите уреди одделно и потоа се вршат прегледи со цел да се открие дали фалат некои делови, не се наместени како што треба и слично.
Софтверот врши споредби на сите единици, на самата градба и веднаш известува кога ќе наиде на “аномалии“.
Моментално во Instrumental работат 26 работници, а стартапот има канцеларии во САД и Кина.
Фото: Instrumental