Кварталната добивка на Македонијатурист намалена за 82%

39

Македонијатурист првите три месеци од оваа година ги заокружи со вкупна сеопфатна добивка во висина од 1.502.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Истиот период минатата година, компанијата прокнижи добивка од 8.179.000 денари.

“Друштвото во трите месеци од 2019 година од пружените хотелски и ресторански услуги како основна дејност, како и од други споредни дејности, оствари позитивен финансиски резултат со бруто добивка од 1,81 милиони денари, којашто е за 80% помала во однос на истиот период од претходната 2018 година или нето добивка од 1,50 милиони денари, што е за 82% помала од истиот период во минатата година“, стои во Коментарот на билансот на успех.

Вкупните приходи за трите месеци од 2019 година изнесуваат 57,40 милиони денари и, како што се наведува, се намалени за 10% во однос на истиот период од претходната година.