Компанијата Витаминка од Прилеп, во периодот јануари – март оваа година, оствари вкупна сеопфатна добивка од 12.174.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.
Истиот период лани, компанијата прикажа добивка во висина од 22.518.000 денари.
“Во извештајниот период е остварена добивка по оданочување во висина од 12.174.000 денари, што во споредба со добивката за истиот период од минатата година е намалена за 46%. Тоа најмногу се должи на растот на поедини групи на трошоци“, стои во Образложението за остварените резултати.
Вкупните приходи од продажба, заклучно со 31.03.2019 година, достигнаа ниво од 560.491.000 денари. На домашен пазар од тој износ се реализирани 327.545.000 денари, а остатокот од 232.946.000 денари е реализиран на пазари во странство.