Prada повеќе нема да користи природно крзно

50

Фото: Pixabay

Италијанската модна куќа Prada престанува да користи природно крзно, а првата колекција без крзно ќе биде во сезоната есен – зима 2020, а ќе биде претставена во септември, пренесува Reuters.

Одлуката е дел од трендот што владее меѓу модните компании, со цел да се привлечат помлади купувачи со повисоко ниво на свест.

Колекциите коишто се веќе произведени, постепено ќе се продаваат.

Одлуката на Prada доби поддршка од околу 50 здруженија за заштита на животните, истакнувајќи дека овој моден бренд е меѓу првите компании што се одлучија на овој чекор.