При избор на ресторан неколку клучни фактори играат голема улога, но тука се и навиките на луѓето, финансиите и начинот на живот. Според истражувањето направено од страна на Touch Bistro на група од 521 испитаник на различна возраст, место на живеење и слично добиени се следниве резултати:
Речиси половина од испитаниците (48%) јадат надвор од два до четири пати неделно, а повеќе од половина или 56% тоа го прават еднаш во неделата.
Оние кои посетуваат ресторани во поголем број или 64%, бараат ново место за јадење, додека 18% ретко менуваат ресторан.
За 63% од испитаниците типот на храна има најголем удел при избор на ресторан.
Голем дел од нив, 70% се изјасниле дека повторно ќе посетат објект доколку храната била добра, без разлика дали добиле квалитетна услуга.
Добар удел во посета на одреден ресторан има препораката од пријател, дури 91% би отишле во некој локал доколку добијат добри препораки.
Исто така, предвид се земаат и онлајн критики, односно 68% од испитаниците отишле во нов ресторан според тоа што го прочитале на интернет.
Промоција или попуст влијае на избор на ресторан. Високи 80% од луѓето кои одат во ресторан истиот го одбираат токму поради тоа.
Луѓето кои живеат во урбаните градски средини повеќе би пробале ново јадење и би следеле онлајн препораки, додека оние од руралните средини не обрнуваат многу внимание на коментарите од веб страни и блогови.
Фото: Pexels