Почнувајќи од утре жителите на земјава нема да можат да платат суми над 500 евра или 30.000 денари во готово.
Обврската произлегува од законот за спречување перење пари и финансирање тероризам во кој лани со посебна уредба се ограничи висината на кеш плаќањата.
Намалување на дозволената сума за плаќање во готово има за цел да ги заштити трговците и државата од пуштање во промет на пари со сомнително потекло и да се намали сивата економија.
На почетокот на годинава дозволената сума во готово се спушти од 2.000 на 1.000 евра.
Забраната ќе се однесува и за физички и за правни лица, а доколку се прекрши Законот, следуваат казни во износ од 5.000 до 80.000 евра.