Фото: Youtube
Сопственикот на една од најпознатите франшизи во светот, ланецот ресторани за брза храна McDonald’s во Шведска отвори ресторан за пчели.
Станува збор за пчеларник, чие име е McHive, којшто потсетува на рестораните на McDonald’s, со дел за седење, нарачување храна од автомобил, брендирани прозорци, препознатлива дрвена фасада…, пишува Franchising.hr.
Пчелите не се одбрани случајно, бидејќи стануваат сè позагрозени во светски рамки, па McDonald’s на интересен начин им дава поддршка. Се очекува вакви слични “ресторани“ да бидат поставени и на други локации во Шведска.
Зад McHive стои маркетинг агенцијата NordDDB, од каде истакнуваат дека на некои од рестораните на McDonald’s во Шведска веќе имаат кошници за пчели на своите покриви.