На овогодинешната конференција на Apple, Apple Worldwide Developers Conference, што се одржа во Сан Хозе, Калифорнија компанијата меѓу другото, претстави Dark mode за дисплејот на iPhone и iPad. Овој “драматичен“ темен изглед e дизајниран за користење на телефонот при слаба светлина, а верзијата ќе го опфати целиот оперативен систем, вклучувајќи го менито и сите апликации.
Корисниците ќе можат да го наместат Dark mode да се вклучува автоматски, на зајдисонце или во одредено време. Верзијата ќе биде достапна и за надворешни програмери, односно трети лица, со што тие ќе можат да интегрираат темни дисплеи на нивните апликации.
Dark mode, којшто ја штеди батеријата и ги штити очите, ќе го има на iOS 13 на iPhone и на iPadOS, нов оперативен систем создаден специјално за iPad.
Освен тоа, компанијата претстави и надградба на апликацијата за фотографии, со што полесно се пристапува до библиотеката преку датуми и Apple sign in, којшто ќе им овозможи на корисниците полесен пристап до апликациите со помош на нивниот Apple ID, што ја елиминира потребата од имејл или корисничко име од социјални медиуми.
Фото: Apple