Фото: Facebook
Модниот бренд Versace, чиј сопственик е Capri Holdings, планира отворање на околу 300 нови продавници до 2022 година, пишува Marketing interactive.
Откако овој холдинг го купи италијанскиот бренд за 2,12 милијарди долари, планира да ја зајакне конкуренцијата на пазарот на луксузни производи и да ја зголеми доминацијата на глобално ниво.
Освен отворање на нови продажни места, компанијата планира во целост да ги редизајнира веќе постоечките. Најголем број продавници се очекува да бидат отворени во Азија, од нив дури 40 во Кина.