Фото: Pixabay
Грција е земја во светот во којашто најтешко се започнува бизнис, најмногу поради бирократија, чести промени во законодавството, разлики во стапките на данокот на додадена вредност и непредвидливиот третман на бизнисите од страна на државните и локалните власти, пренесува Greek reporter.
Ова е според Глобалниот индекс на бизнис комплексност, изработен од страна на TMF Group, мултинационална компанија за професионални услуги со седиште во Амстердам.
Грција е на врвот на листата од вкупно 75 земји во светот. Меѓу земјите слични на Грција се: Индонезија, Бразил, Обединетите Арапски Емирати и Боливија.
Од земјите во регионот: Турција е осма, Србија е на 29-то место, Словенија е три места подолу, Бугарија е на 58-ма позиција, додека земјава ја нема на листата.