Renewlogy – технологија што ја претвора пластиката во разни видови на гориво

31

Компанија од САД го собира пластичниот отпад од депониите и произведува разни видови на гориво без емитување на штетни гасови, пишува Inhabitat.

При процесот се користи технологија наречена Renewlogy, којашто е еден вид на систем за рециклирање којшто може да функционира на самото место каде што е отпадот, со што се елиминира загадувањето.

Преку овој метод, Renewlogy може да процесира 10 тони пластичен отпад дневно, без потреба за дополнителен превоз, трошоци и без емисија на штетни гасови. Системот може да рециклира секаков вид на пластика, дури и оној што останатите не го прифаќаат и се смета за нерециклирачки.

Пластиката прво се собира, па се меле на ситни парчиња и низ неколку хемиски процеси се претвора во ефикасни производи коишто понатаму се користат за производство на дизел гориво, смола (virgin plastic) и останати петрохемиски елементи. Издувните гасови при процесот, исто така, се рециклираат и затоа нема токсични емисии.

Фото: Pexels