Банката за првпат стана чувар на имот на пензиски фондови регистрирани во државава во 2009 година и сега ја продолжува традицијата на соработка и придонес во развојот на пензиските фондови.
Комерцијална банка како ќе обезбеди широк опсег на услуги, како што се: чување на имот, отворање и водење сметки за хартии од вредност во Централниот депозитар за хартии од вредност и наменски парични сметки во Банката, порамнување трансакции поврзани со инвестирање на средствата на фондовите во земјата и во странство, реализација на други инструкции на друштвата за управување со фондови, проверка на пресметаната нето-вредност на имотот на фондовите, известување на друштвата за корпоративни настани и извршување инструкции кои произлегуваат од тие настани, наплата на приходи и други права во корист на фондовите…