Францускиот милијардер Патрик Драхи ја купи познатата аукциска куќа Sotheby’s за 3,7 милијарди долари. Компанијата којашто котираше на њујоркшката берза 31 година, повторно ќе биде во приватна сопственост по прилично турбулентен период.
Драхи, со потекло од Мароко, е претприемач и колекционер на уметнички дела. Основачот на телкомуникациската групација Altice, на 15 годишна возраст се преселил во Франција каде започнал да работи во Philips. Моментално е сопственик на вториот по големина мобилен оператор во Франција SFR и на Portugal Telecom.
Во Sotheby’s лани беше продадена најскапата уметничка слика Nu couché, од Амедео Модилјани за 157,2 милиони долари. Аукциската куќа е основана далечната 1744 година во Лондон.
Фото: Sotheby’s