Climate Tile – тротоар што го собира вишокот на вода

60

Tredje Natur, старт-ап од Данска создаде тротоар што ја апсорбира вишокот на вода и ја носи во најблиската зелена површина.

Процесот не само што ја елиминира водата од улиците туку и ја пренасочува онаму каде што ќе биде од корист. Со тоа нема потреба таа да патува низ системот за третман на отпадни води и канализацијата, пишува Inhabitat

Плочките на тротоарот создаваат пропустлива површина слична на кората од земјата. Благодарение на малечки дупчиња во нив водата оди под земја кадешто се складира во вештачки базени. Таму останува за подоцнежна употреба, но може и да се пренасочи кон некое зеленило, растенија односно онаму каде што е потребно наводнување.

Моментално процесот се набљудува од истражувачи кои следат како системот се однесува при различни временски услови, различни количини на вода и слично. Планот на компанијата е да пронајдат начин како системот да го дистрибуираат за масовно производство и низ пазарите ширум светот.

Се проценува дека “животниот век“ на овие тротоари би бил 50-тина години.

Фото Tredje Natur