Во Турција лани онлајн продажбата пораснала за 38% во споредба со претходната година, а вкупно за електронски нарачки биле потрошени 6,5 милијарди долари, пишува Hurriyet Daily.
Минатата година, просекот на годишните трошоци по глава на жител бил 181 долари наспроти светскиот просек од 833 долари. Колку за споредба таа бројка во Кина е 858 долари додека во САД изнесува 1.819 по глава на жител.
Турците, на овој начин, најмногу купувале чевли/облека (68%) електронски уреди(58), средства за лична хигиена(49%), книги, филмови и игри. Исто така интернетот се користел и за нарачка на храна од ресторани(47%).
Главно нарачките биле правени преку смартфони (75%) и лаптопи (52%). Четири проценти од испитаниците купувале преку интернет секој ден, додека 46% од нив тоа го правеле неколку пати во месецот.
Околу 52 милиони луѓе во земјата лани ги користеле социјалните медиуми и дневно во просек поминувале три минути на нив.
Фото:Pixabay