Просечната плата во април била 24.785 денари

52

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во април 2019 година, во однос на април 2018 година, изнесува 103.5.

Зголемувањето се должи на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Дејности на здравствена и социјална заштита (9,4 %), Транспорт и складирање (8,5 %) и Административни и помошни услужни дејности (6,8 %)

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Уметност, забава и рекреација (6%), Рударство и вадење на камен (5,6 %) и Транспорт и складирање (4,2 %).

Највисоки плати има во секторот Информации и комуникации, каде просекот е 45.360 денари, потоа Финансиски дејност и дејности на осигурување 40.683 денари и Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација 38.863 денари.

Најниски просечни плати за месец април биле евидентирани во секторите Објекти за сместување и сервисни дејности со храна, Административни и помошни услужни дејности и Земјоделство, шумарство и рибарство.

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во април 2019 година, изнесува 24.785 денари.

Фото:Pixabay