Аквизиција во фармацевтската индустрија “тешка“ 63 милијарди долари

93

Фото: Pexels

Ирската фармацевтска компанија Allergan и американската биофармацевтска компанија AbbVie ја заокружуваат трансакцијата за преземање во вредност од 63 милијарди долари, стои во официјалното соопштение.

AbbVie ја презема Allergan во трансакција што вклучува готовина и акции, коишто на 24-ти овој месец достигнаа вредност од 78,45 долари.

Allergan е познат по производство на ботокс, чија продажба минатата година достигна 3,6 милијарди долари од кои 1,55 милијарди долари се за козметички цели. Се проценува дека оваа година продажбата на ботокс ќе достигне 3,9 милијарди долари, а до 2025 година до шест милијарди долари.

AbbVie стои зад лекот Humira, што третира артритис и псоријаза, што на компанијата минатата година ѝ донесе приходи од 20 милијарди долари. Но, лекот е под постојат притисок од поевтината конкуренција од Европа, а во 2023 година истекуваат правата за патент на американскиот пазар, што е најпрофитабилен за компанијата.