Над 36% од младите на возраст од 20 до 34 години ниту се вработени, ниту се образуваат

50

Фото: Pixabay

Високи 36,3% од младите во Северна Македонија, на возраст од 20 до 34 години, не се ниту вработени ниту во процес на образование, покажуваат податоците на Eurostat.

Во рамки на Европската унија, тој процент е 16,5%, додека во евро зоната (сочинета од 19 земји) изнесува 16,3%.

Највисок процент на млади од 20 до 34 години, кои ниту се вработени ниту пак се образуваат, освен во земјава, го има во овие три земји: Турција (33,2%), Италија (28,9%) и Црна Гора (27,5%).

Земји, пак, кај коишто има многу малку млади луѓе кои се невработени и не се образуваат се: Исланд (6,2%), Швајцарија (7,9%). Шведска (8%), Норвешка (9,3%) и Луксембург (9,9%).

Од земјите во регионот, лидер е Словенија со 11,1% од млади на возраст од 20 до 34 години кои се невработени и не се образуваат, па следуваат: Бугарија (20,9%), Србија (24,1%), Грција (26,8%) и Црна Гора (27,5%).