Фото: Pixabay
Пасошите на жителите на Јапонија и Сингапур се најмоќни во светот, покажува истражување Henley Passport Index. Жителите на овие две земји може да патуваат без визи во 189 земји во светот.
Второто место го делат: Финска, Германија и Јужна Кореја, од каде може без визи да се патува во 187 земји во светот. Во 186 земји во светот може да се патува без визи со помош на пасошите на: Данска, Италија и Луксембург.
Со македонски пасош може да се патува во 123 земји во светот без виза, со што нашата земја заедно со Тонга се позиционираат на 46-то место.
Од земјите во регионот, најдобро котира пасошите на: Грција (183 земји без виза), Словенија (179 земји), Бугарија (168 земји). Хрватска го има 20-от најмоќен пасош во светски рамки и нејзините граѓани може да патуваат во 167 земји во светот без патна исправа. Србија се најде на 41-во место поради можноста нејзините жители слободно да патуваат во 131 земја. Босна и Херцеговина е 51-ва со можност за патување во 116 земји, а во три земји помалку, без визи може да патуваат жителите на Албанија.
На дното на оваа листа се најдоа овие земји: Сомалија (без визи само во 31 земја), Пакистан (30 земји), Сирија (29 земји), Ирак (27 земји) и Авганистан (25 земји).