Колку “тежи“ извозот на вино на земјава?

72

Фото: Pixabay

Северна Македонија е синоним за таканаречена “винска“ земја, бидејќи и географски и климатски има предиспозиции за одгледување винова лоза, но и за производство и извоз на вино.

Според податоците од минатата година, извозот на вино од земјава достигна 60,2 милиони долари или 0,2% од вкупниот извоз. Тоа ја позиционира на 28-мо место.

Лидер е Франција со извоз од 11 милијарди долари или 29,5% учество во вкупниот извоз во светски рамки. Потоа следуваат: Италија (7,3 милијарди долари), Шпанија (3,5 милијарди долари), Австралија (2,2 милијарди долари) и Чиле (две милијарди долари).

Регионално, во подобра позиција од нас е Грција со извоз на вино од 97,5 милиони долари. Зад нас се: Бугарија (на 33-то место и извоз од 37,1 милиони долари), Србија (43-то место и извоз од 20,2 милиони долари), Хрватска (44-та позиција и 19,1 милиони долари), Словенија (46-та во светот и 19,1 милион долари извоз), Црна Гора (49-та и 13,7 милиони долари извоз на вино), Турција (51-ва позиција и 10,1 милион долари извоз) и Албанија (72-ро место и 1,1 милион долари).

Од вкупно 149 земји во светот, на дното од листата се најдоа овие три земји со извоз од само 1.000 долари: Авганистан, Ангола и Лаос.