Директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија, Висар Фида денес на Македонско-Албанскиот Бизнис и Инвестициски Форум во Тирана ги презентираше инвестициските и извозните потенцијали на Македонија.
Во својата презентација, Фида детално ги претстави секторите во кои постои можност и одлични услови за инвестирање во земјата, но и големите извозни потенцијали на Македонија.
На форумот свое обраќање имаа и амбасадорот на Македонија во Албанија, Веле Трпевски, директорот на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот на Македонија, Јордан Трајков како и министерот за економија на Албанија, Флорјон Мима и директорката на Агенцијата за развој и инвестиции на Албанија, Енеида Гуриа.
Главна тема на форумот беа економските односи помеѓу Македонија и Албанија, како и можностите за продлабочување на бизнис соработката, посебно во туристичкиот и прехранбениот сектор. Во рамките на форумот се одржаа и мрежни сесии помеѓу македонските и албанските учесници, како и дегустација на вина и традиционална храна од Македонија.
Форумот за бизнис и инвестиции се финализираше со потпишување на Меморандум за соработка помеѓу Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија и Албанската агенција за развој и инвестиции.
На настанот учествуваа над триста учесници меѓу кои и македонски компании од туристичкиот сектор, прехранбената индустрија и агробизнисот од Македонија и увозници и дистрибутери на прехранбени производи, тур оператори како и компании од останати сектори од Албанија и Косово.
Ова е прв настан над 150 компании од двете земји да остварат B2B средби.