Twitter има нов дизајн

50

По речиси едногодишно тестирање на новата верзија Twitter го има новиот дизајн. Овој пат за разлика од претходно, корисниците нема да можат да “се вратат назад“ на претходната верзија.

Редизајнот, како што велат од компанијата, ќе биде лесно прилагодлив и за мобилната верзија, односно ќе биде како самата Twitter апликација.

Според социјалната мрежа, ќе бидат потребни неколку дена пред стариот дизајн да биде сменет за сите на Twitter.com.

Новата верзија вклучува и многу промени, главната навигација сега е на левата страна, од каде што корисниците можат да ги прегледаат своите известувања, својот timeline и директните пораки.

За прв пат додадена е и секција Bookmarks заедно со Explore, персонализиран дел каде што може да се разгледуваат популарни трендови и останати препораки.

Директните пораки нема повеќе да излегуваат на малечок прозорец на горниот дел од timeline. Наместо тоа, сандачето со праки (inbox) ќе има сопствено место на страната.

Доколку некој има повеќе Twitter профили ќе може без одјавување од едниот да се приклучи на другиот во секое време.

Фото: Twitter