Кристин Лагард отстапува од челната позиција на ММФ

87

Кристин Лагард заминува од позицијата извршен директор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), пишува BBC.

Одлуката доаѓа кратко по нејзината номинација за директор на Европската централна банка (ЕЦБ).

Лагард ќе го напушти ММФ на 12 септември годинава, каде што беше на челна позиција од 2011 година.

Доколку Европскиот совет ја одобри нејзината номинација, таа ќе биде првата жена што застанала на чело на ЕЦБ.

Шеесет и три годишната Лагард е по потекло французинка, а нејзината кариера ја започна како правник пред да се префрли во политиката.

По неколку министерски позиции таа беше првата жена одбрана за извршен директор на ММФ заменувајќи го Доминик Штраус Кан.

Фото: Facebook