Криптовалутата Биткоин надмина вредност од 11.300 долари, што е највисока цена во последните 15 месеци, односно од петти март 2018 година, пишува CNBC.
Според експертите проектот на социјалната мрежа Facebook за создавање на своја криптовалута Libra, повторно ја крена вредноста на дигиталните пари.
Досега највисоката регистрирана вредност на Биткоин беше во декември 2017 година кога истата изнесуваше 19.000 долари.
Цените на криптовалутите бележеа опаѓање минатата година, а истиот тренд продолжи и на почетокот на 2019 година кога вредноста падна на 3.000 долари.
Цената на Биткоин помогна да се зголемат цените и на другите дигитални пари како Етереум, којашто има двојно поголема вредност годинава.
Фото:Pixabay