Англија: Биохемичари создаваат лекови со помош на виртуелна реалност

71

Биохемичари од компанијата C4X Discovery, со седиште во Манчестер, користат виртуелна реалност за создавање на лекови, пишува Boulder Gazette.

Се користи истата технологија од популарната игра Fortnite со цел да се визуелизира конструкцијата на сложените молекули. Алатката наречена 4Sight, е веќе употребена за да се создаде лек кој сега е во развој.

Биохемичарите ја користат истата технологија за да создадат лекови што ќе придонесат за решавање на различни видови на рак и Паркинсонова болест.

4Sight им овозможува на експертите да држат во рака виртуелни молекули и да видат како се движат и реагираат на стимули.

Клучниот момент во создавање на лекот е да се открие правилната форма на молекулата којашто ќе се вклопи во протеинскиот џеб. Во случај да се добие погрешна форма, честичката нема да се поврзе, а постои и можност да се поврзе за друг џеб што би довело до несакани ефекти.

Според компанијата технологијата може да помогне во елиминирањето на грешките при откривањето на лекот и да им овозможи на научници на различни локации да работат во иста виртуелна соба.

“Потребни се 10 до 12 години да се создаде од лек и да се постави на пазарот. Освен тоа целата процедура чини многу пари”, вели Крег Фокс главен научен соработник во C4X Discovery.

Со помош на новата технологија се очекува трошоците значително да се намалат и процесот да се забрза.

Фото:Pixabay